'Интер-етнички дијалог за човекови права и демократија'
‘DELTA for the Balkans’ работи на градење на меѓуетнички дијалог и соработка кои се засноваат на взаемно почитување на човековите и на граѓанските права и на учесничката демократија
ДЕЛТА спроведува тренинг програми за градење на капацитетите на НВО-и, организирање на граѓанскиот сектор и на религиските групи во Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.
ДЕЛТА-пристапот ја промовира критичката свест на луѓето за нивната ситуација и нивните проблеми и ги оспособува да земат учество во одлуките и акциите кои влијаат на нивните и на животите на нивните заедници.
Педагошките принципи и методи на ДЕЛТА секогаш се прилагодени кон локалните социо-културни услови во процесот на едукација на заедниците низ програмите за права и развој.
Програмите на ДЕЛТА се втемелени врз учесничката филозофија на Паоло Фреире и поврзани се со светската мрежа „Тренинг за трансформација“ што е присутна во повеќе од 40 земји.










